Некои од поважните карактеристики со кои ќе се сретнете при користење на TrashPinger:
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Кога ќе пронајдете област загадена со отпад, со TrashPinger едноставно можете да обележете на мапата со само еден клик. Отпадот вообичаено содржи опасни загадувачи кои можат да им наштетат на растенијата, животните и на луѓето, па затоа е важно да го селектирате видот на отпадот што сте го нашле. Исто така, имате можност да поставите фотографија и краток коментар како дополнителна информација. Кога ќе завршите со тоа, областа што сте ја обележале ќе биде видлива за сите корисници на TrashPinger, па соодветно би се презеле акции за расчистување на отпадот.
Во зависност од категоријата на отпадот, со TrashPinger, корисниците можат волонтерски да организираат еко-акции за да се отстрани отпадот или да ја известат комуналната служба дека на некое место има отпад кој треба да биде исчистен. Со овие активности секој TrashPinger корисник придонесува кон зачувување на здрава и чиста животна средина.